27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Ќе бидат потребни повеќе од две години за Британија да ја...

Јункер: Ќе бидат потребни повеќе од две години за Британија да ја напушти ЕУ

junker33

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјавил дека ќе бидат потребни повеќе од две години за да бидат постигнати сите договори околу излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ).

„Мислам дека нема да успееме во рок од 24 месеци да ги постигнеме сите договори за да може Велика Британија да ја напушти ЕУ и да воспостави целосен однос со европскиот континент“, рекол Јункер на маргините на меѓународната конференција за безбедност во Минхен.

Британската премиерка Тереза Меј рекла дека, во март, ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, како би започнале преоговорите за Брегзитот кои треба да траат две години.

Јункер дополнил дека најмалку 20.000 закони би морале да бидат сменети во Велика Британија пред таа да може да ја напушти ЕУ. Исто така тој рекол дека Британија нема право да ги доврши договорите за билатерална соработка додека сеуште е членка на Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП