26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеџитлија и Дојран отворени за сообраќај, Евзони сеуште затворен

Меџитлија и Дојран отворени за сообраќај, Евзони сеуште затворен

сообракај-пат

Сообраќајот на сите патни правци низ републиката се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран сe отворени за сообраќај за секаков вид на возила.

Сообраќајот на патниот правец, А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола.

Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП