9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман: Англија? Не го сакам дождот

Гризман: Англија? Не го сакам дождот

grizman33495

Најдобриот играч и стрелец на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, признал дека размислува за заминување од „Kалдерон“ по завршувањето на сезоната. Францускиот репрезентативец подолг период медиумите го поврзуваат со трансфер во манчестер Јунајтед.

Антоан Гризман е еден од најдобрите светски напаѓачи, медиумите го поврзуваат со трансфер во Манчестер Јунајтед, но самиот изјавил дека е сигурен како би се адаптирал на животот во Англија.

„Во Сосиедад почувствував кога е моментот да заминам. Кој знае како ќе биде сега, како ќе заврши сезоната, доколку заврши лошо, можеби повторно ќе се јави истото чувство. но во овој момент тоа е неважно. Се прашувам каде би можел да заминам. Во Шпанија тука се Барселона и Реал. Барса во овој момент има тројца во нападот, а во Реал е невозможно да одам поради ривалството. Германија не ме привлекува истот како и Франција, барем во овој момент. А, Англија, имам дилема како би ми се допаднал животот таму. Дожд, лошо време…Морам да бидам среќен“, рекол Гризман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП