Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,302.07 0.01%    CEVI 964.00 2.89%    KMB 2,698.74 0%    MPT 27,000.00 0%    RZUS 105.32 2.25%    STB 910.00 0%    STIL 129.00 0%    TEL 277.73 0.89%    UNI 1,900.00 0.01%    

Tip of the week: Импровизација!

Време: 15:41

Датум: февруари 14, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Untitled-1

За да бидете добри импровизатори, мора да сте експерти ’мајстори’ во она што го правите!”

Импровизацијата, најмногу се поврзува со некоја уметност (сликарство, музика, глума…), меѓутоа, и не мора да значи. Таа е применлива техника и во кој било аспект од нашето живеење и работење.

Импровизација значи, да се направи нешто без претходна подготовка. Да се „измислуваат” работи. Поради тоа, импровизацијата е најапликативна во уметноста. Нивната работа се заснова на импровизирање со материјалите и делата што ги креираат. Но, во секој случај, импровизацијата е апликативна за која било работа/професија. Импровизацијата значи иновација, носи до нови идеи и начини на работење и гледање на работите. Таа создава нови системи и модели на функционирање (хибриди).

Меѓутоа, не е лесно да се импровизира. Ние може ќе видиме некој музичар како импровизира и си мислиме дека многу лесно го прави тоа. Но, со цел да биде толку добар во импровизацијата, тој најверојатно е мајстор на својот инструмент.

Има една приказна за Пикасо (не знам дали е точна или не, но сепак може да се извади убава поента). Некој налогодавач му порачал да му нацрта петел. Пикасо го  викнал за еден месец и пред него во неколку потези нацртал петел и му побарал 1мил. $. Нормално, налогодавачот имал проблем, бидејќи не можел да ја види вредноста на сликата и времето инвестирано во нејзината креација. Но, Пикасо го однел одзади, во неговото студио и му ги покажал сите 100 неуспешни обиди да нацрта петел. Колку ли време нему му требало да инвестира да ја „погоди” баш таа емоција или линија што сакал да ја долови со своето дело?!

Нажалост, живееме во време каде што импровизацијата е дел од нашето социо-економско, општествено и политичко секојдневие. Време каде што повеќе внимание се става на формата отколку на суштината на работите. Денес, веќе секој импровизира. Секој приучен си дава за право, бидејќи е дозволено да импровизира, да ги руши правила, а со тоа влијае врз намалување на квалитетот на работата. Сè е „инстант”. Сé се бара веднаш или за вчера, и нормално е сите да импровизираме со цел да го скратиме процесот на работење. Да, импровизацијата значи пронаоѓање на пократок пат, но тоа не значи да се одрази на квалитетот на работата.

Како да бидете подобри импровизатори:

  1. Бидете најдобри во тоа што го работите – основен фактор којшто влијае врз импровизацијата е висока експертиза во она што го работите. Имајте ги информациите, имајте го знаењето, влегувајте длабински во работите, бидете вечни студенти.
  2. Креативност – да бидете добри во импровизацијата треба да ја развивате вашата креативност. Креативното размислување (како и импровизацијата) претставува кршење на матриците.
  3. Додадете на направеното – понекогаш да бидете добри во импровизацијата ви треба основа која ќе ја надградувате со вашите информации, знаење, податоци.
  4. Бидете отворени – немојте да бидете негативни и да ги одбивате можностите што ви се појавуваат и се надвор од вашиот план. Спуштете го гардот. Отворете се кон околината и луѓето околу вас.
  5. Гледајте вон рамките на приказната – не се фокусирајте само на она што е дел од разговорот. Размислете како таа ситуација е дел од големата слика и пробајте да ја вклопите во моменталната ситуација. Музичарот не ги следи праговите и нотите. Тоа му е влезено во моториката. Тој ја слуша мелодијата и си игра со неа.
  6. Точни информации – многу импровизатори лажат и мислат дека со тоа се супер импровизатори. Тоа не е точно. Тоа е мајсторство во лажење, а не импровизација. Импровизацијата е поврзана со точни и со јасни информации и факти.
  7. Тешки ситуации – намерно ставајте се себеси во тешки ситуации. На тој начин го терате умот да се активира повеќе и да размислува нестандардни начини за премостување на секоја ситуација.

 

Импровизацијата е прекрасна! Но, работата е тоа што вие не може да импровизирате, доколку не знаете точно што правите.

Кристофер Волкен

(Актер)

Со успех во брзите промени,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    Во една од претходните колумни кога пишував за кредитниот мораториум, пишував и за така нареченото стручно тело кое треба да биде еден вид предстечаен управник…

  • Tip of the week: Поддршка на проект или акција

    Tip of the week: Поддршка на проект или акција

    Сигурен сум дека поголемиот број од вас знаат, но за тие кои не знаат, од неодамна го лансиравме концептот за интернационализација на Прирачникот „Tip of…

  • КОЛУМНА: Аград и Биград – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Аград и Биград – М-р Раде Чоловиќ

    Сакам да ви прераскажам една приказна која ја прочитав пред повеќе години во еден учебник по англиски јазик. Во времето кога градовите биле кнежевства си…

  • Tip of the week: Како требало, така ќе биде!

    Tip of the week: Како требало, така ќе биде!

    Возбуден од неодамна лансираниот концепт за интернационализација на Прирачникот „Tip of the Week“, во разговор со еден пријател, му раскажувам колку сум загрижен за тоа…

  • КОЛУМНА: Белата чума во Македонија – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Белата чума во Македонија – М-р Раде Чоловиќ

    Еден мој пријател, Струмичанец на свои 49-50 години, до пред неколку години мака мачеше да најде работа. Во изминатава година без проблем  ја смени работата…

  • КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    Веќе на двапати, во разговор со двајца различни луѓе, ми кажуваа за инженер, французин, кој што живее повремено во село Јанче. Во ова убаво горнореканско…

  • Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Многу обврски! Многу различни задачи! Многу кратко време! Дали се наоѓате понекогаш во ваква ситуација? Доколку одговорите:Постојано: тогаш нешто не е во ред! Или со…

  • КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    Според насловот можеби можете да претпоставите дека оваа колумна е на тема Општата или јавна чистота. Секоја година имам чувство дека градот ни е повалкан…

  • Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Остварувањето на идеите, односно тестирање на некоја идеја, досега никогаш не било полесно. Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација каде што имале генијална…

  • КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    Јас ја имав среќата (или несреќата) да бидам еден од оние кои бевме последна септемвриска класа во Југословенската Народна Армија (ЈНА). Среќа затоа што имам…