26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит: Без промена кај главните индекси

Волстрит: Без промена кај главните индекси

wall-street-binary-options

На Волстрит тргувањето се одвиваше претпазливо бидејќи инвеститорите одлучија да се одморат откако пред еден ден сите главни индекси во САД го достигна ново највисоко ниво во историјата.

Dow Jones зајакна за 32 бодови или 0,16 отсто, на 20.100 бодови, додека S&P 500 забележа пад од 0,07 отсто, на 2.296 бодови, a Nasdaq индексот за 0,02 отсто, на 5.655 бодови.

Dow Jones вчера дополнително го зацврсти нивото од над 20.000 бодови, кое по прв пад го достигна ден претходно, бидејќи инвеститорите ги охрабри исполнувањето на ветувањата на новиот американски преседател Доналд Трамп.

Иако сеуште не излезе со никакви детали за планираните даночни намалувања и зголемување на фискалната потрошувачка, Трамп направи некои други потези кои ја покажуваат неговата намера да ги изврши она што тој го кажа за време на изборната кампања.

Така тој го потпиша законот за олабавената регулатива во секторот за домашно производство и договорот за продолжување на изградбата на два нафтоводи.

Поддршка на пазарот му обезбедија и подобро од очекуваната квартални резултати од работењето за голем број на компании. Од 146 компании од составот на S&P 500 индексот, кои досега ги објавија извештаите, од нив 69,2 отсто постигнале повисоки приходи од очекуваните, што е над просекот на префрлување по квартал од 63,6 отсто.

Отука аналитичарите проценуваат дека приходите на компаниите од составот на S&P 500 индексот во четвртиот квартал од минатата година забележал раст од 7 отсто во споредба со истиот период претходната година, што че биде најголем раст на приходите во последните две години. Уште минатата недела очекуваа раст на приходите за 6,3 отсто.

На европските берзи вчера се тргуваше внимателно. Лондонскиот FTSE индекс забележа пад од 0,04 отсто, на 7,161 бодови, а парискиот CAC 0,21 отсто, на 4.867 бодови. Франкфуртскиот DAX забележа раст од 0,36 отсто, на 11.848 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП