26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDS ќе прави електричен суперавтомобил

DS ќе прави електричен суперавтомобил

ds e model32

„Citroen“ планира сериското производство на суперавтомобил кој ќе излезе на пазарот под брендот на единицата на компанијата за спортски и луксузни модели – „DS“. Според француските медиуми концептот „DS E-Tense“, кој дебитираше минатата година има сосема реални шанси да стигне до сериско производство.

„DS E-Tense“ дебитира во Женева, а концептот одговара на најновите трендови во автомобилската индустрија – спортски електричен модел со заден пренос, чија батерија е сместена на подот на автомобилот, а моќноста му е 402 коњски сили.

Минатата година шефот на „PSA“, Карлос Таварес навести дека концептиот модел може да стигне до сериско производство. Ако електричниот суперавтомобил се најде на пазарот, тоа ќе се случи најрано во 2022-ра година.

Пред него во производствените планови на „DS“ се утврдени луксузен седан, како и кросовер од средната класа. Најверојатно седанот ќе е наменет за пазарот во Кина, а кросовер ќе се продава во целиот свет.

„DS“ учествува во светскиот шампионат за електрични болиди „Формула Е“ и промоцијата на пазарот на супер спортски електричен модел дефинитивно ќе додаде подобар имиџ на се уште растечката марка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП