26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе значи Brexit за германската автомобилска индустрија?

Што ќе значи Brexit за германската автомобилска индустрија?

indu avto00

Велика Британија е најголемиот пазар за германските производители на автомобили. Еден на секои пет автомобили, произведени во Германија, заминува за британскиот пазар. Дополнително голем дел од деловите за германските автомобили всушност се произведуваат во Велика Британија.

За компаниите во оваа индустрија говорот на Тереза Меј пред неколку дена воопшто не е добра вест, пишува германското издание „The Local“.

Во долгоочекуваниот говор, британскиот премиер коментираше дека „Brexit“ треба да значи контрола врз бројот на луѓето кои влегуваат во земјата од Европа.

„Она што го предлагам, не значи членство на единствениот пазар“, додаде таа.

Британската економија е длабоко поврзана со европските земји, коментира Матијас Висман, претседател на Германската асоцијација на автомобилската индустрија. Според него „цврсто“ напуштање на ЕУ ќе биде тешко и скапо и за британската економија, и за Европа.

Тереза Меј коментираше уште дека таа ќе работи за слободна трговија со Европа и недостаток на пречки за бизнис врските во договорот за „Brexit“. Стравувањата на германската автомобилска индустрија сепак се дека ќе минат години пред новите договори да влезат во сила.

„Ваквите процеси ќе ги исплашат инвеститорите“, вели Висман.

Автомобилските компании имаат голем интерес да биде најдено решение кое ќе овозможи интензивна трговија помеѓу земјите, додава тој.

За „BMW“ не само слободната трговија е важен услов. Треба да биде дозволено уште и прекугранична размена на вработени, почитување на регулиции итн. Тоа ќе биде од корист за бизнисот, економијата и луѓето, сметаат од компанија специјализирана во производство на луксузни автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП