26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕAlpe D’huez - Најдоброто скијачко одмаралиште во Европа (фото)

Alpe D’huez – Најдоброто скијачко одмаралиште во Европа (фото)

алпе1

Скијачкото одмаралиште во францускиот регион Исер, кое оваа година прославува 80 години постоење, ја доби титулата најдобра дестинација за скијање…

„Alpe D’huez“ одмаралиштето ја добило оваа титула од „Europena Best Destinations“ организацијата, која работи во Брисел.

„Оваа прекрасна награда е извор на охрабрување кое ни беше потребно да продолжиме да ги подобруваме нашите услуги“, рече Франсоа Бажили, директор на канцеларијата за туризам. Наградата дефинитивно потврди дека трудот се исплати, бидејќи ова одмаралиште доби бројни унапредувања, за да одговори на сите предизвици и желби на пребирливите посетители.

Повеќе од 58.000 луѓе од 92 земји во светот гласале во анкетата која е спроведена во декември минатата година. Ова одмаралиште, кое инаку има 135 алпски скијачки патеки, се наоѓа на помалку од 60 километри од Гренобл, а добило 9550 гласови, победувајќи ги другите француски дестинации но и други швајцарски и австриски дестинации.

Како што велат од канцеларијата за туризам, во план се бројни нови подобрувања на овој локалитет, со инвестиција вредна преку 350 милиони евра во наредните пет години. Сместувањето и скијачките простори ќе бидат проширени, за да успеат да ги примат сите луѓе кои сакаат да скијаат или оние кои сакаат да се опуштат и одмараат во уникатниот алпски амбиент.

алпе2

алпе3

алпе4

алпе5

алпе6

алпе7

алпе8

алпе9

алпе10

алпе11

алпе12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП