26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои сектори во САД привлекуваат најмногу инвестиции?

График на денот: Кои сектори во САД привлекуваат најмногу инвестиции?

dolares 01110

Интернетот се уште е водечкиот американски сектор за инвестиции, иако финансирањето се намали за 26% во последниот квартал на 2016-та година, соопштува „Statista“.

И покрај овој пад, сепак секторот оствари инвестиции за 4,6 милијарди долари во четвртиот квартал на 2016-та година, а најистакнатите ги вклучуваат „OpenDoor Labs“ (210 милиони долари), „Buzzfeed“ (200 милиони долари) и „Stripe“ (150 милиони долари), посочуваат од „CB Insights“ и „PwC“.

Во последните 20 години американските интернет компании привлекоа 187 милијарди долари финансирање, оваа сума е најголема во споредба со сите други сектори во земјата.

Здравствената индустрија е на второ место со 150,4 милијарди долари од средината на 90-тите години, а секторот на мобилните услуги и телекомуникациите завршува во топ 3 со малку над 115 милијарди долари.

На ниво на држави не е особено изненадувачки дека Калифорнија добила највисоки нивоа на инвестиции како резултат на иновациите во Силиконската долина. Во последните 20 години Калифорнија привлекла финансирање за 367,8 милијарди долари, доста повеќе од државата на второ место – Масачусетс со 80 милијарди долари.

dolares 01111

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП