26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА14-та година по ред Македонија без претставник во Давос

14-та година по ред Македонија без претставник во Давос

forum333

Зголемувањето на социјалната нееднаквост и зголемените опасности кои доаѓаат од средината, се водечки глобални ризици кои треба да се следат во идната деценија. Тоа го покажува објавеното меѓународното истражување, направено пред Светскиот економски форум во Давос, кој се отвора денеска.

Организаторите на форумот анкетирале 750 бизнис лидери, научници и владини експерти.

Зголемувањето на разликите во приходите и богатството се рангира како топ тренд кој ќе ги оформи настаните во следните 10 години, а поларизацијата во општествата е на третото место.

Климатските промени се вториот по големина фундаментален ризик.

Екстремните временски услови ја предводат оваа листа, а големите природни катастрофи се на третата позиција.

Масовната миграција е наведена како втор по веројатност ризик.

Терористичките напади и масовната кражба на податоци се меѓу петте најголеми закани.

Покрај ревитализацијата на светскиот економски раст, Светскиот економски форум наведува дека е потребна реформа на пазарниот капитализам, за да се излечат „фрактури“ во општеството, кои се очигледни во популизмот во светот. Стареењето на населението  исто така се издвојува како проблем.

Истражувањето покажува и дека роботиката и вештачкиот интелект не само што ги ветуваат најголемите придобивки меѓу сегашните технолошки иновации, но и на нив се гледа како најголеми закани, бидејќи загрозуваат многу работни места.

На форумот оваа година, кој ќе трае до 20-ти јануари, учествуваат делегации од над 70 земји и рекордни 3.000 лица. Меѓу нив се лидери на над 1.000 големи корпорации и банки, како и претставници на над 70 невладини организации. Програмата вклучува вкупно околу 400 сесии, соопштија организаторите.

Учесниците на форумот ќе бараат решенија за гореспоменатите предизвици.

Настанот во Давос се одвива во исклучителни мерки на безбедност, вклучувајќи пунктови, патни блокади и ограничувања за прелети над одморалиштето. Оваа година за обезбедување на безбедноста на учесниците во настанот се одвоени дополнителни 9 милиони швајцарски франци (9 милиони долари).

Од регионот како и минатата така и оваа година во Давос ќе биде и српскиот премиер Александар Вучиќ, додека пак Македонија 14 година по ред нема да присуствува на ова светско случување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП