26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседател им „забрани“ на сиромашните да доаѓаат во неговата земја

Претседател им „забрани“ на сиромашните да доаѓаат во неговата земја

palau3300

Претседателот на Палау предложи закон кој овозможува на територијата на земјата да се градат само хотели со 5 ѕвезди. На овој начин државникот се надева да ги одврати туристите со неголеми финансиски можности.

Томи Ременгесау ја објави својата намера да се фокусира на „квалитетот“ на туристите, а не врз нивниот квантитет. Тој има желба да ги привлече во Палау патниците со дебели паричници, пишува „The Telegraph“.

Претседателот смета на тоа градителите на скапи хотели самостојно да се грижат за инфраструктурата – вклучувајќи да изградат системи за чистење, патишта итн. Во замена инвеститорите ќе добијат даночни отстапки.

Овој пристап Ременгесау го дефинира како „безпогрешен“ како за државата, така и за бизнисот.

Палау е република во Океанија, во составот на која влегува познатиот архипелагот Баунти со прекрасни плажи на светско ниво. Тој привлекува туристи од целиот свет, вклучувајќи љубители на подводното пливање.

palau3301

Економијата на земјата зависи 85% од туризмот.

Изобилството од туристи сепак се одразува негативно на локалната природа, како и на гребените.

Во Палау има многу кинески туристи кои сепак имаат навика да трошат исклучително малку пари за време на своите авантури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП