26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонскиот бренд МАМА’С во duty free продавниците на аеродромот “Ататурк”

Македонскиот бренд МАМА’С во duty free продавниците на аеродромот “Ататурк”

mamas

Единствениот бренд од македонија ги поврзува европа и азија

Од почетокот на 2017 година производите на македонскиот бренд МАМА’С се најдоа на полиците на UNIFREE DUTY FREE продавниците на аеродромот “Ататурк” во Истанбул каде што веќе одлично се продаваат.

Достапни за повеќе од 60 милиони патници годишно, кои патуваат до 360 дестинации во светот, ова е единствен бренд од Македонија, дел од стотина меѓународни брендови кои се достапни во модерните и ексклузивни продавниците. Изборот на асортиманот во овие продавници се прави врз основа на меѓународни критериуми за квалитет и побарувачка.

ma

“Отворањето на нови пазари за МАМА’С е од особена важност, и е во релација со нашата мисија, да им ја приближиме традиционалната македонска храна на што повеќе љубители на добрата храна. А за тоа нема друго подобро место од аеродромот “Ататурк” во Истанбул, каде што дневно минуваат повеќе од 150.000 патници од целиот свет.“- изјави бренд менаџерот на МАМА’С, Калин Бабушку.

mam

Аеродромот Мустафа Кемал Ататурк во Истанбул е третиот по број на патници во Европа, после аеродромите во Лондон и Париз, а пред аеродромот во Франкфурт. UNIFREE DUTY FREE продавниците се присутни на 13 меѓународни аеродроми, меѓу кои и аеродромите во Истанбул, Измир, Анкара, Рига и др.

Производите на МАМА’С може да се најдат во над 35 земји во светот. Од неодамна тие се продаваат и во UNIFREE DUTY FREE продавниците на Приштинскиот аеродром, покрај оние во Скопје и Охрид.

mama

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП