26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДури и најздравите намирници можат да бидат штетни доколку ги јадете во...

Дури и најздравите намирници можат да бидат штетни доколку ги јадете во погрешно време

29012-rucak-580x326

Ако ви се случува да се храните со најздрави намирници, а притоа да се чувствувате се полошо, можно е проблемот да е во тоа што ги јадете во погрешно време.

Имено, многу е важно да обрнете внимание на тоа кога, односно за време на кој оброк, јадете некое овошје или зеленчук, бидејќи тоа различно влијае на организмот во одреден период од денот.

На пример, бананите добро е да ги јадете наместо или после ручекот бидејќи тогаш ќе допринесат за убавината на вашата кожа и ќе го зајакнат вашиот имунитет. Меѓутоа, ако ги јадете навечер, можат да ви го нарушат системот за варење и да направат да не спиете добро.

jabolka1

Јаболката треба да ги јадете наутро, бидејќи пектинот кој го содржат тие во тој период од денот го намалува холестеролот и нивото на шеќер во крвта. Навечер пектинот многу тешко се вари и го засилува лачењето на желудочна киселина.

Оризот е намирница која е многу богата со јаглехидрати. Доколку јадете ориз за ручек ќе имате енергија цел ден, но ако одлучите да го вечерате – ќе се здебелите.

655-402-domati

Доматите би требало да ги јадете наутро, за појадок, бидејќи тогаш тие го подобруваат варењето и го зајакнуваат метаболизмот. Ако ги јадете за вечера, пектинот и киселината кои се наоѓаат во нив ќе направат да ви се надуе стомакот.

Јаткастото овошје е најдобро да се јаде во периодот околу ручек, бидејќи тоа тогаш го подобрува здравјето на срцето и крвните садови и го намалува ризикот од висок крвен притисок. Меѓутоа, ако го јадете навечер може да се здебелите, бидејќи јаткастото овошје е полно со масти и калории.

1_cokolado

Црната чоколада не е добра ужина помеѓу оброците, бидејќи го зголемува нивото на масти во организмот. Сепак, ако за време на појадокот изедете малку од овој десерт ќе го намалите ризикот од срцево заболување и ќе го забавите стареењето на организмот.

Јогуртот е одлично да се јаде за вечера бидејќи го забрзува варењето на храната. Токму затоа не е добро да се јаде наутро. Особено ако појадувате само јогурт… Може да ги оштети стомачните влакна.

Месото е одлично да се јаде за ручек бидејќи е богато со железо, го намалува уморот и го зајакнува имунитетот. Сепак, навечер ќе ви падне тешко бидејќи може да го оштети дигестивниот тракт кому му треба во просек 4-6 часа за да го свари.

kompiri1

Компирот е одличен избор за појадок, бидејќи неговиот скроб го намалува холестеролот и притоа е богат со минерали. Сепак, за разлика од многу други видови на зеленчук, компирот има многу калории и може да ве здебели ако го јадете навечер.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП