Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,799.18 -1.02%    BESK 10,735.48 -0.74%    CEVI 875.00 2.94%    GRNT 737.42 -1.6%    ILST 1,550.00 0%    KMB 2,700.00 -0.39%    LOTO 134.00 2.29%    MPOL 201.00 -12.61%    MPT 27,000.00 -1.64%    OKTA 2,500.00 -3.85%    RMDEN15 92.20 -2.95%    SKOV 180.00 62.16%    STB 954.34 0.12%    STIL 85.00 -3.41%    TEL 248.40 3.5%    TPLF 1,410.24 0.56%    VITA 8,995.10 -0.05%    

РСБСП со совети до пешаците внимателно да се движат по снегот

Време: 14:17

Датум: јануари 11, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

29507-sneg-580x0

Снегот, мразот и минусните температури во овој период од годината најмногу проблеми предизвикуваат на учесниците во сообраќајот.

Иако фокусот најчесто е ставен на возачите и возењето по снег и замрзнати коловози, сепак Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата подготви корисни совети и за најранливата категорија учесници во сообраќајот – пешаците, кои своите дневни обврски ги извршуваат пеш движејќи се по снегот. Според статистиките, секоја година околу 1/4 од вкупниот број жртви во сообраќајот се пешаци.

Совети кои ќе помогнат за побезбедно и посигурно учество на пешаците во сообраќајот, а на возачите ќе им помогнат полесно да ги забележат на улиците:

• Движете се по тротоарот секогаш кога тоа е можно – Доколку не сте во можност да се движите по тротоар и го користите коловозот, тогаш движете се до крајниот лев раб од коловозот и следете ги возилата кои ви доаѓаат од спротивната страна.

• Секогаш преминувајте ја улицата на пешачки премин. Преминувањето надвор од пешачкиот премин е крајно опасно, особено во услови на намалена видливост и тоа сериозно може да влијае на вашата безбедност во сообраќајот.

• Настојувајте секое движење да ви е внимателно испланирано и не ризикувајте со изборот на „скратен пат“. Пред да се решите да стапнете на улицата имајте во предвид дека на возилата им е потребно повеќе време да запрат и сопирачкиот пат е подолг од вообичаено. Не ја преминувајте улицата сѐ додека не сте сигурни дека возилата кои се движат по коловозот ве забележале и се во состојба безбедно да го запрат своето возило.

Освен тоа, пешаците за лична безбедност треба да внимаваат и на следните работи:

• Носете соодветни обувки. Чекорете бавно и сигурно со целото стапало. Соодветните обувки му овозможуваат на пешакот да чекори со целото стапало и да има добар и стабилен контакт со подлогата по која се движи. Обувките треба да се со соодветна потпора и да не се лизгаат на снег.

• Не го бркајте зеленото светло за пешаци или автобусот, бидете стрпливи и сигурни во тоа што го правите.

• Избегнувајте да носете торби и други предмети кој ја нарушуваат вашата рамнотежа. Никогаш не се движете со рацете во џеб.

• Пешачките премини можат да бидат доста опасни и при самото разминување на пешаците. Внимавајте каде чекорите. Гледајте пред себе и пропуштете го пешакот кој ви доаѓа од спротива. Не заборавајте, љубезното однесување во сообраќајот е дел од убавите манири на секој човек.

• При преминување на улицата немојте да застанувате помеѓу двете коловозни ленти затоа што возачите не ве очекуваат таму и може да бидете удрени од возило кое се движи по влажен и лизгав коловоз.

• Бидете особено внимателни кога се качувате или излегувате од автобус или автомобил, или кога се движите помеѓу паркирани возила и излегувате на улица.

• Носете светла облека со рефлектирачки додатоци особено во рани зори и во приквечерието. Додатете рефлектирачки налепници на јакните или на торбите. Бидете видливи и безбедни во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, покрај овие совети, апелира до пешаците на максимално одговорно учество во сообраќајот. Внимателно учество во сообраќајот не е грижа само на возачите. Секој од нас има обврска да се грижи за својата безбедноста и да дава личен придонесен за непречено одвивање на сообраќајот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Колку компаниите се грижат за безбедноста на работниците?

    Колку компаниите се грижат за безбедноста на работниците?

    За една недела повеќе несреќи – само викендот два смртни случаи и една сериозна повреда на работното место. 25 годишен градежник загина откако врз него…

  • Споменикот на Mајка Тереза го добива својот финален изглед

    Споменикот на Mајка Тереза го добива својот финален изглед

    Споменикот на Mајка Тереза вреден 5,5 милиони евра, кој го гради Миинистерството за култура во срцето на Скопје, го добива својот финален изглед. Армирано-бетонските и…

  • Брисел сака да го направи еврото попривлечно за државите членки на ЕУ

    Брисел сака да го направи еврото попривлечно за државите членки на ЕУ

    Европската комисија сака да го направи еврото попривлечно за членките на Европската унија кои сеуште не ја прифатиле европската валута, порача европскиот комесар за економија,…

  • Трамп ништо не го кочи, решил да буши на Алјаска

    Трамп ништо не го кочи, решил да буши на Алјаска

    Со планот за буџетот на Доналд Трамп предвидена е продажба на американските стратешки резерви на нафта. Освен тоа, за да се намали јавниот долг, планирано…

  • Македонија празнува во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

    Македонија празнува во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

    Во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ државно-црковна делегација од Република Македонија, во среда ќе се поклони на гробот на свети…

  • Шојбле очекува во рок од три недели да има договор за грчкиот долг

    Шојбле очекува во рок од три недели да има договор за грчкиот долг

    Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека во рок од три недели меѓународните кредитори ќе ги надминат разликите со Грција, а потоа ќе…

  • Пофалби од ЕУ за економскиот раст на Србија

    Пофалби од ЕУ за економскиот раст на Србија

    На годишниот дијалог за економската политика, што се одржа вчера во Брисел, ЕУ ја пофали Србија за постигнатиот економски раст и презентирани предизвици, кои треба…

  • Бугарија за да се справи со туристичкиот бум убезува работна рака

    Бугарија за да се справи со туристичкиот бум убезува работна рака

    Пред летната сезона туристичката индустрија на Бугарија се соочува со недостиг на работна сила и затоа бара странски работници за да ја задоволи зголемената побарувачка,…

  • 17% од грчките пензионери се под 62 години и со пензија над 1.000 евра

    17% од грчките пензионери се под 62 години и со пензија над 1.000 евра

    Вкупно 17% од грчките пензионери се под 62 години и добиваат пензија помеѓу 1.000 и 1.137 евра. Ова го покажуваат податоците на Министерството за социјални…

  • Hopвeшка нема да се пpиcоедини ĸон пaĸтот OΠEK +

    Hopвeшка нема да се пpиcоедини ĸон пaĸтот OΠEK +

    Норвешка нема планови да ја скрати својата екстракција на нафта, изјави во соопштението на Министерството за нафта и енергетика на земјата, на тој начин ги…