26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие 7 држави поседуваат 63% од златните резерви во светот

Овие 7 држави поседуваат 63% од златните резерви во светот

zlate335

Секој месец Светскиот совет за злато ги објавува податоците за златните резерви на најголемите 100 иматели на овој благороден метал.

Последната информација оттаму покажува дека вкупните резерви на злато во светот расте до 33.248 тони кон почетокот на јануари во однос на 33.181 тони за еден месец порано.

САД продолжува да има најголеми резерви во висина од 8.133 тони, иако земјата не е активна на пазарот (земјата не купува и не продава во последните месеци). Најголемата економија поседува толку злато колку следните три земји во рангирањето – Германија, Италија и Франција.

Следат Кина, Русија и Швајцарија, а горенаведените седум земји се единствените во светот кои поседуваат по над 1.000 тони златни резерви.

Според податоците, најголемите имателите на злато поседуваат 63% од вкупните резерви во светот. Во топ 10 се наоѓаат уште Јапонија, Холандија и Индија.

Најактивни на пазарот во последните месеци се Кина и Русија, кои купиле 116.02 и 181.86 тони злато, со што ги зголемуваат резервите до 1842.6 и 1615.2 тони.

Меѓу продавачите се издвои Турција која ги намалила резервите на злато со 107.13 тони, но исто така и Венецуела, која продала над 112 тони злато за последните 12 месеци.

По последните продажби Турција се намалува до 12-та позиција во рангирањето на најголемите иматели на злато, додека Венецуела е десет места подолу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП