2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Аеродром високата зона без вода на – 12 степени

Во Аеродром високата зона без вода на – 12 степени

cevka-vodovod-696x467

Жителите од високата зона во Аеродром и Ново Лисиче се жалат дека на поларни температури, сред зима, се без вода.

Вода снемало во неделата вечерта, а на жителите кои се јавувале во општина и во ЈП „Водовод и канализација“ да прашаат до кога нема да имаат вода, им велеле дека вода нема да има цел ден, да одат да прошетаат со децата надвор.

Граѓаните се прашуваат каде да шетаат кога надвор има 20 сантиметри снег, кој замрзна последните два дена, а од вторник почна да вее и нов. Температурите и преку ден остануваат на минус 10 Целзиусови степени.

На веб-страната на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ стои известување од понеделникот, дека поради дефект на цевка кај Припор, вода нема да имаат високите зони во Аеродром и Лисиче, до отстранување на дефектот.

„Ве известуватаме дека на ден 09.01.2017г. поради уличен дефект ф400мм на ул.„Димо Хаџи Димов“ бб (пред полициската станица Припор), прекинато водоснабдување од 2:30 часот ќе имаат корисниците од Висока зона на Аеродром и Лисиче“, стои во соопштението.

Во вторник наутро, во 6 часот, дошла вода во високата зона во Ново Лисиче, но граѓанте стравуваат дека повторно може да дојде до прекин на водоснабдувањето, што во овие зимски студени денови може да предизвика само штета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП