Кина е најголемиот производител на ориз – годишно произведува околу 200 милиони тони кои потоа ги извезува ширум светот. Меѓутоа, во медиумите се почесто се говори за енормната количина на пестициди и други штетни материи кои тие неумерено ги користат, но уште посопасно и ново – за вештачкото производство на оваа намирница!
Тие, имено, во вештачкото производство користат пченкарен скроб кој го мешаат со пластика (на пример, синтетичка смола) и од таа смеса формираат зрнца вештачки ориз.
На крајот на процесот на производство ова зрнце го прскаат со арома од вистински ориз за потрошачите да не можат да го забележат фалсификатот. Лекарите предупредуваат на оваа појава и велат дека три вакви порции ориз имаат исто влијание на здравјто како да сте изеле една цела пластична кеса.
Еве како да проверите дали вашиот ориз е пластичен. Ставете лажица ориз во чаша ладна вода. Ако сите зрнца потонат, јадете го без проблем, но доколку лебди во водата, фрлете го веднаш.
Тука е и тестот со оган – запалете неколку зрнца ориз, и ако веднаш започнат да горат и да мириса на пластика, фрлете го веднаш.
Можете и да пробате да го сомелете во аван. Вистинскиот ориз ќе даде бел скобен прав, а вештачкиот ќе има жолта боја.