11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW пушта суперeкономична верзија на X5

BMW пушта суперeкономична верзија на X5

ekonomicna-x-5

Германскиот производител „BMW“ ќе понуди на пазарот нова верзија на својот модел „X5“, која треба да се претвори во најекономичниот теренец од оваа класа во светот. Тоа го тврдат експерти, кои имале можност да го тестираат возилото и останале импресионирани од неговата презентација, пишува весникот „Motor1“.

Конкретни технички детали не се објавени, но според информациите станува збор за хибридна верзија, која ќе се воведе во моделот за 2017-та година. Во основата на нејзиниот агрегат е 2,0-литарски дизел мотор со 4 цилиндри. Оваа опција има режим „Auto eDrive“, при што потрошувачката на гориво ќе биде најниска.

Теренецот ќе се нуди и со 3.0-литарски турбодизел, достапен во 3 варијанти на моќност. Најслабата верзија е „30d“, а најмоќната – „M50d“, при што на моторот се ставени 3 турбополначи. Деновиве се очекува да бидат објавени и точните карактеристики на моторите.

Експертите кои го тестирале автомобилот се импресионирани уште од промените во суспензијата која е цврста во споредба со досегашната варијанта на возилото. Се забележува уште високото ниво на опрема, квалитетните материјали, како и безкабелниот полнач за паметни телефони и точка за пристап до интернет преку „Wi-Fi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП