26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре без струја делови од Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров

Утре без струја делови од Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров

struja2-440x315

Во делови од неколку скопски општини, како Аеродром, Чаир, Ѓорле Петров, Карпош, Гази Баба и Кисела вода, одреден период од денот, во среда нема да има струја, соопшти Репуибличкиот центар за управување со кризи.

Од 8.30 до 11.30 часот, корисниците од дел од ул. „Лазар Димитров“, општина Кисела Вода, ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8.30 до 12:30 часот, корисниците од ул. „Христо Татарчев“, (поранешна „Сава Ковачевиќ“), подулици: 1, 3 и 5. ( општина Кисела Вода ) ќе бидат без струја.

Од 8.45 до 14 часот, корисниците од дел од ул. „Анри Барбис“, (околу Црквата). ( општина Гази Баба )

Oд 9 до 11 часот, корисниците од дел од с. Батинци, (десно од главниот влез во селото ) Oпштина Студеничани.

Oд 9 до 14 часот, корисниците од ул. „Скупи“ подулици 3а и ул. 5а. (општина Карпош )

Од 9 до 14.30 часот, корисниците од дел од ул. „Мијачка“, дел од ул. „Борис Сарафов“ и дел од ул. „Анастас Коцарев“. ( општина Ѓорче Петров )

Од 9 до 15 часот, корисниците од дел од ул. „Војдан Чернодрински“, Полициска Станица Бит Пазар, дел од ул. „Рифат Бурџевиќ“ и дел од ул. „Дрварска“. ( општина Чаир )

Од 9.15 до 15 часот, објектите околу од Милениумскиот Крст, Предавателите на врвот Водно, Поштенски Дом Водно, Жичара Водно, Етно Село и корисниците од Долно и Горно Нерези. (општина Карпош)

Од 10 до 12 часот, корисниците од бул. „АСНОМ“ броеви: 14, 16 и 18. (oпштина Аеродром), а од 12 до 14 часот, корисниците од бул. „АСНОМ“ броеви: 20, 24, 26, 28 и 32. (општина Аеродром).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП