26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали се пронаоѓате: 7 знаци дека вашата интелигенција е поголема од просечната

Дали се пронаоѓате: 7 знаци дека вашата интелигенција е поголема од просечната

1353782382584580f5a994d738368510_w640

Некои од овие знаци можат да бидат изненадувачки, никогаш не би помислиле дека со нив се карактеризираат високо интелигентните лица. Дознајте дали сте еден од нив…

1. Ментална болест

Пореметувањето на расположението може да биде цена која ја плаќаат високо интелигентните луѓе, потврдија истражувањата. Психолозите пронајдоа дека поголемиот IQ кај децата е поврзан со биполарното пореметување во раното детство. Тие деца се и многу креативни.

2. Загриженост

Лицата со поголем IQ се поподложни на анксиозност отколку оние со просечната интелигенција. Анксиозноста е во корелација со високата интелигенција. Загриженоста – како главен симптом на анксиозноста не е наметната од страна на современиот свет, таа отсекогаш била присутна во животите на луѓето.

3. Нови идеи

Наспроти пореметувањата на расположението и анксиозноста како едни од знаците кои ги карактеризираат високо интелигентните лица тука е и создавањето и прифаќањето на нови идеи. Едно истражување дојде до заклучок дека интелигентните луѓе се подготвени да ги прифатат идеите кои повеќето луѓе не ги прифаќаат, па меѓу нив е голем бројот на атеисти и политички либералци.

4. Осаменици

Студиите покажаа дека што повеќе се социјализираат со луѓето, интелигентните лица го опишуваат својот живот како помалку квалитетен. Тие сакаат да поминуваат повеќе време сами.

5. Спијат до доцна

Високо интелигентните луѓе си легнуваат подоцна и со самото тоа стануваат подоцна за разлика од просечните.

6. Доверба

Интелигентните луѓе имаат повеќе доверба во луѓето отколку останатите, тие се склони да им веруваат на другите. Научниците во врска со тоа даваат објаснување дека тие се подобри во проценувањето на човековиот карактер, па подобро проценуваат на кого можат да му веруваат, а на кого не.

7. Мрзеливост

Мрзеливите луѓе уживаат да размислуваат. Од друга страна тие кои не уживаат во размислувањето гледаат на себе си да си најдат што повеќе работа за да побегнат од своите мисли.

8. Аналитичност

Истражувањата потврдија дека луѓето кои сакаат да размислуваат имаат подобро паметење и често им треба повеќе време да донесат некоја одлука бидејќи аналитички и пристапуваат на секоја ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП