Германија од Европската комисија доби дозвола за воведување на патарина. Тоа би значело укинување на бесплатното користење на над 12.000 километри на германските автопати.
Со воведувањето на оваа мерка можни се и дополнителни проблеми. Европската Комисија пред да го даде ова одобрување, долго време ги разгледуваше можните последици од донесувањето на оваа одлука.
Годишната вињета за моторни возила ќе чини 130 евра. Овој трошок на возачите ќе им биде надоместен преку данокот на моторни возила.
Сопствениците на моторни возила кои влегуваат во така наречената “класа еуро 6”, со оглед на тоа што помали загадувачи на околината ќе бидат дури и наградени