30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДимитриев: Следната година ќе бидат насадени двојно повеќе дрвја

Димитриев: Следната година ќе бидат насадени двојно повеќе дрвја

dimitriev-drvo

По пет милиони дрвца ќе се засадуваат секоја година преку традиционалната манифестација „Ден на дрвото“ и Програмата за проширена репродукција на шумите, најави премиерот Емил Димитриев кој, во рамки на 17. Акција „Ден на дрвото ­засади ја својата иднина“ посади дрвце во градинката „Ѕвездичка“ во Кочани.

„Со ова ја промовираме нашата одговорност за заштитата на животната средина и сметаме дека на правилен начин обезбедуваме здрава околина за живеење“, рече премиерот Димитриев.

Дрвце во дворот на градинката „Ѕвездичка“ засади и градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски кој информираше дека акцијата во ова подрачје денеска нема да биде масовна поради снежните врнежи вчера и во текот на ноќта, но ќе продолжи и ќе биде спроведена во целост.

„Во Кочани ќе бидат пошумени 17 хектари главно со зимзелени дрвца, смрека и ела. Ќе се сади во паркот на улицата „1 Мај“ и покрај болницата, а ќе се променат и сите дрвца кои беа оштетени од несовесните сограѓани“, истакна Димитровски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП