26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо победата на Трамп повторно се проговори за паритет меѓу еврото и...

По победата на Трамп повторно се проговори за паритет меѓу еврото и доларот

evdol-33

Во првичниот шок по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД се говореше за тврдењата дека пазарите ќе станат сведоци на паритет меѓу еврото и доларот, за прв пат од 2002-та година, пишува „Bloomberg“.

Според „трејдерите“ има 45% веројатност единствената валута да падне под 1 долар до крајот на 2017-та година. Во рамките на една недела овие шанси се зголемија двојно, покажуваат податоците на „Bloomberg“. Ветувањата на Трамп да ги зголеми трошоците и да ги намали даноците во САД водат до шпекулации дека економскиот раст ќе се забрза, што од своја страна ги натера Федералните резерви побрзо да ги зголемуваат каматните стапки. Токму овие ставови го испратија доларот утрово на највисоко ниво од февруари па наваму, а пак еврото поевтини до околу 1,07 долари, што е најниско ниво во оваа година.

За „Deutsche Bank“, која е четврт по големина монетарен „трејдер“ во светот, резултатите од изборите во САД се доволни за да го извадат еврото од тесните граници, во кои се тргуваше во последните месеци и да падне под 1 долари во 2017-та година. Очекувањата за паритет во оваа година практично исчезнаа откако ФЕД го одложи зголемувањето на каматните стапки и иако Европската централна банка поддржуваше невидена програма за стимулации.

Според Џорџ Саравелос, стретег во „Deutsche Bank“ во Лондон, повеќенасочната монетарна политика повторно е на дневен ред. „Победата на Трамп ги промени работите“, пишува тој во извештајот од 13-ти ноември.

Саравелос очекува еврото да поевтини до 1,05 долари до крајот на оваа година и до 95 центи до крајот на 2017-та година.

Консензусот на „Wall Street“ сепак е за посилно евро. Според студијата на „Bloomberg“ единствената валута ќе поскапе до 1,11 евра до крајот на 2017-та година.

Силниот долар во последните неколку дена е во спротивност со очекувањата дека евентуалната победа на Доналд Трамп би предизвикала нестабилност на пазарите, а оттука и забавување во зголемувањето на каматите од страна на ФЕД. Наместо тоа, фокусот се сврте кон потенцијалот за економски стимуланси. Ветувањата на Трамп вклучуваат трошоци помеѓу 500 милијарди и 1 илјади милијарди долари во рок од 10 години за патишта, мостови и аеродроми.

Според „трејдерите“ веројатноста ФЕД да ја заостри монетарната политика во декември е 92 отсто. На 7-ми ноември шансите беа околу 80%.

„Deutsche Bank“ очекува доларот да е меѓу валутите со највисок принос од земјите на Г-10, ако ФЕД ги зголеми каматите во декември. Распослан меѓу приносот на 10-годишните обврзници во САД и Германија е најголем од најмалку 1990-та година.

„Гледаме паритет некаде во првиот квартал на 2017-та година“, вели Енрике Дијаз-Алварез од њујоршкиот инвестициски посредник „Ebury“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП