26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс нема да им го остави богатството на децата

Бил Гејтс нема да им го остави богатството на децата

pa-25610498

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, нема намера своето богатство да го остави на своите деца.

„Моите деца се многу горди на фактот дека од нашето богатство нема да наследат речиси ништо“, рече Гејтс за време на гостувањето во утринската програма на ITV.

Тој откри дека во следните неколку години сиот капитал што го стекнал ќе биде дониран на неговата хуманитарна организација која има за цел да ја искористи сиромаштијата и болестите во светот.

„Моите деца ќе стекнат образование и ќе мораат сами да си изградат кариери и животен пат. Толку пари ќе им ги уништат животите. Во наследство ќе добијат минимален дел, чисто да не станат сиромашни, а за сѐ друго ќе мораат да се изборат сами“, рече Гејтс, чие богатство се проценува на над 74 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП