26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus забележа пад на профитот

Airbus забележа пад на профитот

busi34

Европскиот производител на авиони „Airbus“ забележа силен пад на добивката кој се должи пред се на модернизацијата на портфолиото од авиони. Додека приходите на производителот во изминатото тримесечје стагнираше на ниво од 14 милијарди евра, оперативната добивка (Ebit) се намали со една петтина до 731 милиони евра. Нето добивката изнесува 50 милиони евра – речиси 90% од пред една година, соопштува компанијата.

И преминот кон новите верзии на моделите „A320“ и „A330“ е предизвик за групацијата.

„Во преостанатите месеци до крајот на годината ќе се фокусираме целосно на снабдувањето, за да одговориме на нашите проекции за приходите и паричните средства. За целата година оперативната добивка пред еднократните ефекти ќе биде на нивото од минатата година“, потврди производителот.

Во прилог на трошоците за изградба на новите фабрики и производствени капацитети пред сè за новите верзии на најпродаваните модели „A320“ и „A330“, компанијата беше принудена да обезбеди дополнителни попусти за своите клиенти за досегашните верзии на авионите. Покрај тоа давателот на моторите „Pratt & Whitney“ се бореше со технички проблеми кои во меѓувреме се отстранети, но и покрај тоа доведе до доцнење на испораките.

Продажбата на авионот „A350“ се развива уште подобро. Во изминатото тримесечје „Airbus“ веќе го доставил 14 бројот од него. Koмпaнијатa има намера дa пpoдaдe 50 примероци од „A350“ до крајот на гoдинaта, а за првите девет месеци се доставени само два пати помалку. Πpичинaтa за стандардното доцнењето е пpoблeмот cо ĸaбинaтa нa мoдeлот, чиe oтcтpанување и зaбавувањето нa пpoизвoдcтвoтo чинеше многу скапо.

Проблеми сепак продолжува да предизвикува воениот транспортер „A400M“. Преговорите со земјите клиенти се уште не започнале, појасни компанијата.

„Засега не можеме да процениме какви ќе бидат резултатите од овие преговори“, појаснија од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП