27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтајнмаер смета дека ЕУ се соочува со колапс

Штајнмаер смета дека ЕУ се соочува со колапс

schtanmayer_capital_ua

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, предупредува дека Европската унија влегла во „турбулентна зона“, и оти ѝ се заканува колапс, пишува во понеделникот весникот Sueddeutsche Zeitung.

„Финансиската криза, приливот на бегалци во Европа, како и шокот од референдумот во Велика Британија ја турнаа Европа во зона на силна турбулентност“, вели шефот на германската дипломатија.

Според Франк-Валтер Штајнмаер, во текот на изминатата година очигледно работите кои со децении биле земани здраво за готово, сега се преиспитуваат и предизвикуваат сомневања.

„Доколку ги заборавиме вредностите според кои е ценета Европската унија, таа ќе ја снема“, вели министерот. Штајнамер, притоа, не исклучува дека „десноориентираните популисти ќе се обидат да ја искористат ситуацијата“.

Шефот на германската дипломатија, исто така, во разговорот истакнува дека неговото министерство планира да започне проект за разговори за Европската унија и нејзините перспективи со јавноста.

„Ние сакаме д аги слушнеме критиките, за да дознаеме што во Европа е исправно, а што не“, вели Штајнмаер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП