1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловачка сака алтернатива на задолжителните бегалски квоти

Словачка сака алтернатива на задолжителните бегалски квоти

slovakia-eu333

Словачка сака Европската унија да се откаже од планот за распределба на барателите на азил и да започне да работи на алтернативно решение, изјави во петокот словачкиот премиер Роберт Фицо, повторувајќи го својот став дека трајниот систем на квотите е политички мртов.

Европската комисија во мај годинава ја предложи реформата на таканаречениот Даблински систем на основа на „чесен механизам“, според кој на секоја земја членка на Европската унија би ѝ припаднала одредена квота на барателите на азил во ЕУ, за да се намали притисокот врз земјите во коишто тие први влегуваат на територијата на Унијата, како Италија и Грција.

Земјите од истокот на ЕУ, Полска, Унгарија, Словачка и Чешка, силно се противат на тоа и предложија други мерки на самитот на ЕУ во Братислава минатиот месец.

„Разговорите со челниците на ЕУ покажаа дека задолжителните квоти стануваат политички мртви. Сакаме законските предлози на Европската комисија да ги одразуваат ставовите на премиерите и претседателите на земјите членки на ЕУ…, коишто јасно потврдија дека принципот на доброволност е главниот принцип во мигрантските прашања“, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо за новинарите по средбата со унгарскиот колега Виктор Орбан.

Словачка до крајот на годинава претседава со ЕУ и е одговорна за координација на дневниот ред на министерските состаноци.

На самитот во Братислава германската канцеларка Ангела Меркел го призна поразот на нејзините долгогодишни обиди да ги увери партнерите од ЕУ да ги прифатат мигрантските квоти. Се согласи да им попушти на источноевропските држави прифаќајќи го нивниот предлог за ткн „флексибилна солидарност“.

Земјите од Вишеградската група, Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, изјавија дека миграциската политика на ЕУ треба да се темели на принципот на „флексибилната солидарност“, а секој механизам на распределба на бегалците по земјите членки треба да биде на доброволна основа.

Претседателот на Европскиот омисија, Жан-Клод Јункер, ги осуди во петокот земјите кои им се противат на договорите на ниво на ЕУ дека ги нарушуваат европските вредности.

„Доколку некоја членка секогаш не се согласува со одлуката, организира референдум, за да го каже спротивното од она што го вели владеењето на правото, нема да можеме да управуваме со ЕУ“, предупреди Јункер на конференција во Париз.

Неговата изјава следеше неколку дена откако унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи измени на уставот со кои би се забраниле групните населувања на мигранти. Орбан тоа го предложи откако унгарските гласачи со огромно мнозинство на референдумот од 2-ри октомври ги поддржаа отфрлањето на планот на ЕУ за бегалскиот квоти, иако референдумот не беше валиден поради недоволната излезност.

„Одредени членки не се придржуваат до тоа. Ако земјите членки не го почитуваат утврденото правило, донесено на демократски начин, тоа е почеток на крајот. ЕУ се темели на владеењето на правото. Многу ме натажува кога гледам дека некои земји членки денес се одвојуваат, така што веќе не ги почитуваат европските принципи“, истана Јункер зборувајќи за европскиот план за распределба на имиграните.

Орбан во петокот повтори дека уставот на Унгарија треба да биде променет, за неговите сонародници не би можел никој да ги присили на некоја форма задолжително населување. Тој по средбата со Фицо рече дека измените на уставот ќе бидат во согласност со законодавството на ЕУ.

„Системот на задолжителните квоти при населувањето, без горна граница би можело да го упропасти сето она што го постигнавме и да го уништи сé што работевме“, рече Орбан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП