3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА38 милијарди фунти ќе загуби британскиот финансиски сектор при разделба со единствениот...

38 милијарди фунти ќе загуби британскиот финансиски сектор при разделба со единствениот пазар

eubrexit3

Британскиот финансиски сектор може да изгуби до 38 милијарди фунти (48,34 милијарди долари) приходи во случај на т.н. „цврсто излез“ од Европската унија (Hard Brexit), што ќе доведе до ограничување на пристапот на земјата до единствениот европски пазар, пренесува „Ројтерс“.

Ако финансиските компании го изгубат правото слободно да продаваат услуги во Европа, може да исчезнат 75.000 работни места, според објавениот извештај на консултантската компанија „Oliver Wyman“.

Се јавуваат се повеќе претпоставки дека секторот кој вклучува банки за услуги на клиенти на мало, компании за управување со средства, осигурителни и инвестициски банки, ќе ги изгубат своите права, откако британската влада ќе се договори за излегувањето на земјата од ЕУ.

Во интерес на сите е да има позитивен исход од преговорите, кој ќе биде взаемно профитабилен за Велика Британија и ЕУ, да предизвика минимални турбуленции во секторот и да биде од корист за клиентите, забележува заменик претседателот на консултантската компанија Хектор Сантс.

Иднината на Лондон, како европски финансиски центар ќе биде главен пункт во преговорите за „Brexit“, бидејќи тој е најголемиот изложен сектор на земјата и најголемиот извор на приходи од даноци.

Британскиот финансиски сектор генерира меѓу 190 и 205 милијарди фунти приходи секоја година и дава работа на 1,1 милиони луѓе, се истакнува во извештајот. Индустријата плаќа околу 60 до 67 милијарди фунти даноци.

Во извештајот се разгледани две сценарија на „Brexit“. При најлошото сценарио, кога меѓународните банки ќе го изгубат пристапот до единствениот пазар или во случај на т.н. „цврст излез“, приходите ќе се намалат со меѓу 32 и 38 милијарди фунти, а меѓу 65.000 и 75.000 работни места ќе бидат затворени.

Ако Британија го задржи пристапот до Европската економска зона при услови кои се слични на сегашните, тогаш може да бидат затворени 4.000 работни места, а приходите да се намалат за 2 милијарди фунти.

Извештајот е порачан од главната лоби група на секторот „TheCityUK“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП