26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШок за Македонија: СБ скрати без милост!

Шок за Македонија: СБ скрати без милост!

svetska banka 35350

Светска банка ја намали својата проценка за растот на бруто домашниот производ на Македонија во оваа година од 3,7 на два проценти, што е најмал очекуван раст во регионот.

Како што е објавено во шестмесечниот извештај за југоисточна Европа, се очекува економскиот раст на Македонија поради намалените инвестици да забави и да достигне само 2 отсто.

Според Светска банка, за растот на македонскиот БДП во оваа година најмногу допринесува градежништвото, коe порасна за 19,3 проценти на годишно ниво, но кое е финансирано од јавни инвестиции, па тоа влијаеше за раст на јавниот долг.

Во извештајот се наведува дека невработеноста и натаму се намалува, но се напоменува дека 89 отсто од новоотворените работни места државата ги има фискално стимулирано, што на среден рок прави притисок на пензискиот фонд.

Експертите од Светска банка предупредија дека и оваа година во Македонија нема фискална консолидација, што влијае на растот на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Фискалниот дефицит е зголемен од првичните буџетски 2,3 отсто од БДП-то на 4,1 проценти поради зголеменото трошење на плати, пензии и социјални трансфери, како и поради прилагодувањето на потрошувачката поврзана со августовските поплави.

Светска банка за 2017-та година на Македонија и предвидува раст на БДП-то од 3,3 отсто, под услов да се одржат вонредните парламентарни избори најавени за 11-ти декмеври и да се формира стабилна влада.

Во јунскиот извештај „Глобалните економски перспективи“, Светска банка за македонската економија во јануарската прогноза предвидуваше раст од 3,5 посто за оваа година и потоа беше зголемен на 3,7 отсто, а за следните две години беше предвиден раст по четири проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП