26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри четвртини од британските менаџери размислуваат за преместување по Brexit

Три четвртини од британските менаџери размислуваат за преместување по Brexit

london city

Британското гласање за излез од Европската унија натерал над три четвртини од главните извршни директори да изјават дека ќе размислуваат за преместување на седиштето или дејноста надвор од Велика Британија, покажа истражувањето меѓу 100 бизнис лидери на сметководствената компанија „KPMG“, цитирано од „Bloomberg“.

Околу 72% од извршните директори велат дека гласале за „останување“ на референдумот од 23-ти јуни, објави „KPMG“. Додека 69% велат дека се убедени дека економијата на Велика Британија ќе продолжи да расте и во текот на следната година, а 73% изразуваат уверување дека нивните компании исто така ќе се прошират, 76% сепак размислуваат за некоја форма на движење. Збирниот број надминува 100%, бидејќи многумина дале повеќе од 1 одговор.

„Извршните директор реагираат на преовладувачката несигурност со стратешко планирање во вонредна ситуација“, вели претседателот на „KPMG“ во Велика Британија, Симон Колинс во соопштението. „Над половина веруваат дека способноста на Островот да прави бизнис ќе биде прекината од Brexit и затоа, за многу „топ“ менаџери, важно е да се планираат различни сценарија, за да се ограничат идните прекини“.

Студијата сугерира дека премиерот Тереза ​​Меј ќе треба да вложи напори за да ги задржи компаниите и работните места, додека Велика Британија се обидува да склучи договор со ЕУ, која ја ограничува имиграцијата, додека во исто време ги задржува можните тесните трговски односи со 27 -те земји членки. Пред референдумот тогашниот министер за финансии Џорџ Озборн изјави дека гласањето за излегување ќе загрози 820.000 работни места.

Иако фунтата поевтини за 13% во однос на доларот по гласањето, некои од најсмелите прогнози од пред референдумот не се изврши, најмногу во однос на економските перспективи. Меј допрва сепак треба официјално да ја активира постапката за излез, само велејќи дека оваа година нема да го започне двегодишниот процес.

„Политичарите треба навистина да се загрижени за британски компании кои бегаат надвор од земјата, и порано да се вклучат во бизнисот, за да се дознае какви уверувања можат да понудат и внимателно да ги следат промените во странство“, вели Колинс. „Стратешкото планирање во вонредни ситуации е токму тоа – форма на потврда, но не треба да се претвори во „план А“. Преместувањето на централите во странство е радикално и зазема водечките наслови, но компаниите може да започнат да ги преместуваат своите операции надвор од земјата со не толку силно јавно внимание. Повторно и повторно слушаме за тоа како бизнисот има потреба од сигурност“.

„KPMG“ интервјуирал 100 британски извршни директори на компании со годишна продажба од најмалку 100 милиони фунти и барем 500 вработени. Истражувањето беше спроведено во рамките на 4 недели од средината на јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП