2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОхридските училишта со поголем број првачиња ја почнаа учебната година

Охридските училишта со поголем број првачиња ја почнаа учебната година

ohridskite

Сите основни и средни училишта во Охрид без проблем подготвени ја започнаа новата учебна 2016/2017 година, а годинава во училишните клупи седнаа и поголем број првачиња, беше заклучено на работниот состанок во вторникот на градоначалникот Никола Бакрачески и директорите на охридските училишта на кој беше разговарано за активносите спроведени во летниот подготвителен период.

„Во сите основни и средни училишта извршено е варосување, санација на подови, тоалети, уредување на дел од кабинетите во некој од нив. Извршена е и санација по наша препорака во осветлувањето на училишните дворови, каде што светилките биле прегорени или оштетени, набавени се и нови спортски реквизити. Како поголеми инвестиции кои во моментов се изведуваат се привршувањето на кровот на основното училиште ‘Григор Прличев’, таму е опремен и еден кабинет по биологија. Реконструкцијата беше изведувана по програма од Министерството за образование и наука, а опремувањето на кабинетот е обезбеден со средства од Германската амбасада и дел средства од локалната самоуправа. Во Основното училиште ‘Свети Климент Охридски’ изградено е едно детско игралиште и во тек е реконструкцијата на изградбата на повеќенаменско спортско иргалиште. Во ова училиште за децата со посебни потреби е опремена една наменска соба којашто во голема мера ќе придонесе за унапредување на процесот на образование и воспитание на децата од оваа група“, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Особено задоволство изрази од извршените активности од страна на училиштата, со цел подобрување на просторните услови на учениците. Притоа, како што истакна градоначалникот, наставниот процес не треба да биде одвоен од воспитниот процес.

„Тоа беше и една наша препорака и кон директорите на училиштата во Охрид, дека воспитниот процес не може да трпи, туку треба да се спорведува паралелно со образовниот процес, бидејќи за градење на едно здраво општествено ткиво во заедницата, двата процеси мора да бидат внимателно и одговорно спроведувани од страна на воспитувачите, наставниците и менаџерските тимови на училиштето’, истакна Бакрачески.

Градоначалникот изрази задоволство од зголемениот број запишани првачиња оваа година, и им посака успех на сите ученици на почетокот на оваа учебна година.

„Оваа година се запишани нешто помалку од седум илади ученици во основните и средните училишта во Охрид, од кои пет илјади во основните училишта и околу две илјади во средните училишта, од кои 540 се првачиња или 394 нови средношколци. Она што особено радува на средбата со директорите на основните и средните училишта , дека во глобала имаме благ пораст на бројот на ученици во основните и средните улчилишта. Особено радува бројот на прваиња во ‘СветиКлимент Охридски во Охрид’ и на подрачното ‘Григор Прличев’ во Рача. Тој податок навистина охрабрува и дава надеж дека бројот на деца во основните и средните училишта во Охрид веројатно ќе расте’, истакна градоначалникот Бакрачески.

На состанокот беше изразено уверувањето дека локалната самоуправа од Охрид и во следниот период целосно ќе се ангажира за координирање на активностите со училиштата со цел со заеднички сили да се работи на брзо отстранување на сите со кои се среќаваат основните и средните училишта во оптшината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП