8 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗа луксузен одмор на Мајами Бич изнајмете ја вилата Valentini (фото)

За луксузен одмор на Мајами Бич изнајмете ја вилата Valentini (фото)

вале1

Како и секоја луксузна посластица, така и оваа чини многу, од 6.000 до 11.000 долари за еден ден поминат во оваа престижна вила „Valentini“

Високо квалитетната куќа за изнајмување на Мајами Бич, Флорида, „Valentini“ е во центарот на вниманието поради својот модерен изглед. Таа ви ветува одмор од соништата кој сигурно ќе го паметите до крајот на својот живот.

Таа има совршени погледи во околината, кои ви се овозможени преку големите панорамски прозори и тераси на повеќе нивоа, оваа вила има отворен план на градба со многу високи тавани, со што луксузот дополнително се нагласува.

Секоја соба во оваа вила се карактеризира со огромен простор. Без разлика дали станува збор за дневната или спалната, сите простории се доста пространи.

Постојаната врска со надворешниот свет е направена со помош на прозорите од подот до таванот и клизачките стаклени врати кои водат до терасата.

Отворениот базен се спојува со линијата на океанот, така што тешко е да препознаете каде завршува доколку го гледате од дневната соба.

Луксузот во вилата е застапен насекаде, од мебелот, предметите, дополнителните детали, па се до квалитетниот избор на дрво, вазни, светилки….

Уживајте…

вале2

вале3

вале4

вале5

вале6

вале7

вале8

вале9

вале10

вале11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП