26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит и во Европа внимателен почеток на седмицата

На Волстрит и во Европа внимателен почеток на седмицата

berzi ey3

На Волстрит и на главните европски берзи во понеделникот се тргуваше претпазливо поради остриот пад на цените на нафтата и можното зголемување на клучните камати на американската централна банка Federal Reserve (Fed) до крајот на годинава.

На европските берзи во понеделникот цените на акциите паднаа, па така лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,44 отсто, на 6.828 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX се лизна за 0,47 проценти, 10.494 поени, а парискиот индекс CAC за 0,24 отсто, на 4.389 индексни поени.

На Волстрит индексот Dow Jones падна за 0,12 отсто, на 18.529 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,06 проценти, на 2.182 поени, а Nasdaq индексот, пак, порасна за 0,12 отсто, на 5.244 индексни поени.

Најмногу во понеделникот паднаа, за 0,9 отсто, цените на акциите во енергетскиот сектор, што е последица на падот на цените на нафтата за повеќе од 3 отсто.

Минатата седмица цените на „црното злато“ скокнаа за повеќе од 8 отсто, благодарејќи на надежите на вложувачите дека во септември најголемите светски производители би можеле да постигнат договор за замрзнување на производството на сегашните нивоа. Но вестите за растот на бројот на бушотините во САД, зголемувањето на испораките од Нигерија и од Ирак, како и извозот од Кина, во понеделникот негативно влијаеја врз цените на нафтата.

Вложувачите се воздржани и поради тоа што сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на компаниите е при крајот, па сега се фокусираат на шпекулациите за тоа кога американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки.

Во неделата вицепремиерот Стенли Фишер оптимистички ја коментираше ситуацијата во американската економија, велејќи дека пазарот на труд е близу полната сила и оти и натаму расте. „Блиску сме до нашите цели“, рече Фишер, но не даде јасен одговор дали Fed треба да ги зголеми клучните камати.

Меѓутоа, минатата седмица низа функционери на Fed порачаа дека би требало да се зголемат каматите до крајот на годинава, можеби веќе во септември., Трговците на пазарите на пари проценуваат дека постојат 18 отсто изгледи Fed уште во септември да ги зголеми каматите, додека шансите тоа да го стори во декември достигнаа 50 отсто.

Оттаму инвеститорите со нетрпение го очекуваат традиционалниот состанок на централните банкар во Џексон Хол, на кој ќе зборува и претседателката на Fed, Џенет Јелен, како и шефовите на другите најголеми централни банки во светот. Вложувачите се надеваат на најави за нови монетарни мери за поттикнување на растот на анемичната глобална економија.

„Пазарот се најде под притисокот на падот на цените на нафтата, а тука е и состанокот во Џексон Хол. Од таму секогаш пристигнува некои изненадување“, вели Џек Ејблин, директор во „BMO Private Bank“.

На претпазливост на вложувачите укажува и потпросечниот обем на тргување, На американските берзи сопствениците во понеделникот ги заменија 5,3 милијарди акции, додека во последните 20 трговски дена просечниот дневен обем изнесуваше 6,4 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП