26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Најголемата кинеска технолошка компанија наспроти Facebook

График на денот: Најголемата кинеска технолошка компанија наспроти Facebook

vs 88

Благодарение на фактот дека социјалните мрежи како „Facebook“, „Twitter“, „Instagram“ и „Snapchat“ се недостапни во Кина, постои цел екосистем од социјални мрежи и платформи за пораки кои се екстремно популарни во и околу Кина, но се малку познати во други делови од светот, коментира „Statista“.

Платформите како „QQ“, „WeChat“ или „Qzone“ имаат стотици милиони корисници и слично на „Facebook“, „Instagram“ и „WhatsApp“ се сопственост на иста компанија. Нивната матична компанија „Tencent“ неодамна стана најголемата технолошка компанија во Кина, така што минатата недела го надмина конкурентот „Alibaba“ по пазарна капитализација.

Како што покажува табелата сепак, „Tencent“ нема потреба да се плаши од конкуренцијата со „Facebook“. Иако социјалните мрежи и апликациите за пораки на компанијата се уште не достигнале 1 милијарда корисници, финансиските резултати се споредливи со оние на најголемата компанија за социјални мрежи во светот.

Приходите на „Facebook“ за првото полугодие од 2016-та година изнесуваат 11,82 милијарди долари наспроти 10,21 милијарди долари за „Tencent“. Кинеската компанија останува и назад, иако со малку, според профитот – 3,04 милијарди долари наспроти 3,57 милијарди долари за „Facebook“.

Всушност до 2015-та година за „Tencent“ беше попрофитабилна од „Facebook“, и тоа со години. Од инвестициска гледна точка и двете компании се справуваат забележително во последните 12 месеци. Акциите на „Tencent“ поскапеле за 45% од август 2015-та година, а на „Facebook“ со 30%.

vs 89

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП