7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонски телеком: Мобилната телефонија во поплавените подрачја функционира

Македонски телеком: Мобилната телефонија во поплавените подрачја функционира

poplava 902

Мобилната телефонија веќе функционира во регионите погодени од невремето, информираат од Македонски телеком.

„Екипите се постојано на терен и сѐ уште се работи на фиксните сервиси во Стајковци, заради недостапноста на теренот. Овие сервиси за дел од корисниците во Црешово се веќе функционални“, информираат од компанијата.

Македонски Телеком постави мобилни агрегати во Стајковци, за жителите да можат да ги полнат мобилните телефони при недостиг на електрична енергија.

„Во моментов, низ цела Македонија има голем број на отворени пречки поради кои афектираните корисници не се во можност да ги добијат нашите услуги. Иако нашите екипи се постојано на терен станува збор за вонредна ситуација и потребно е подолго време. Корисниците кои имаат оштетена опрема можат сами да ја сменат во најблискиот Телеком Центар“, се вели во соопштението.

Заради оштетената инфраструктура од невремето и зголемениот број на повици и времето на чекање во Контакт центарот е зголемено, па од Телеком ги замолуваат корисниците да пријавуваат пречки и на маил адресата: [email protected].

„При појава на нови временски непогоди, односно во услови на големи електрични празнења и грмотевици, ги повикуваме корисниците да ја исклучуваат опремата од струја, за да се спречат евентуални оштетувања“, се вели во соопштението од Телеком.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП