26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид АД Скопје со добивка од над 5 милиони евра за првото...

Алкалоид АД Скопје со добивка од над 5 милиони евра за првото полугодие од 2016

po

Алкалоид АД Скопје за периодот Јануари – Јуни 2016 оствари позитивни финансиски резултати и оствари нето добивка од 326.436 илјади денари.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2016 година изнесуваат 3.375.888 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 5%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 6%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2016 година изнесуваат 4.325.503 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 2%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 4%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Јуни 2016 година изнесуваат 2.998.515 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 5%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Јуни 2016 година изнесуваат 3.945.769 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 2%.

Дивиденда

На 4 април 2016 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2015 година во износ од 329.211 илјади денари односно 230 денари бруто за една акција. Исплатената нето дивиденда за 2015 година изнесува 207 денари за една акција.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Јуни 2016 година изнесуваат 344.331 илјади денари.

Обврски по кредити

Вкупните консолидирани обврски по кредити на 30.06.2016 година изнесуваат 581.447 илјади денари и во споредба со состојбата на 30.06.2015 година бележат зголемување од 19%.

Нови вработувања

Во периодот Јануари – Јуни 2016 година во Алкалоид се реализирани 95 нови вработувања во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП