26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието ќе гласа за ребалансот на Буџетот за 2016

Собранието ќе гласа за ребалансот на Буџетот за 2016

sobranie-sala

Пратениците, денеска, на 111 седница треба да гласаат за ребалансот на Буџетот за 2016 година, за што општата расправа по предлогот заврши во средата доцна вечерта.

За Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година ќе гласаат пратениците од владејачкото мнозинство. Против во расправата се изјаснија СДСМ и другите опозициски пратеници кои предложија ребалансот на Буџетот да биде повлечен од дневниот ред зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според пратениците, е незаконски издадена.

Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177.292.000 денари на 174.291.000 денари и на вкупните расходи од 196.276.000 денари на 195.472.000 денари.

Дефицитот е ревидиран од 18.984.000 денари на 21.181.000 денари.

На дневен ред на 111. седница се и Предлог законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка, како и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година.

Пред пратениците се и неколку предлог-одлуки за избор на член на Советот на јавните обвинители на РМ, за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и за избор на член на Судскиот совет на РМ.

На денешната седница се и неколку ратификации на спогодби на Владата на Република Македонија со владите на Виетнам, Италија и Србија.

Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, на Законот за градежно земјиште, на Законот за административни службеници и на Законот за спортска академија, сите по скратена постапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП