26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕMarriott Pompano Beach Resort & Spa (фото)

Marriott Pompano Beach Resort & Spa (фото)

пом1

Како вистински магнет за туристите веќе неколку децении, Јужна Флорида привлекува над 12 милиони посетители годишно. Ако се прашувате зошто е тоа така, погледнете ја временската прогноза за тој дел од светот – пријатното, сончево време, во комбинација со бесконечните плажи создава идеална комбинација за одмор во секое време од годината.

Покрај Мајами и Палм Бич, Форт Лодердејл е град кој претставува рај, сам по себе. Рај за љубителите на морепловството, да бидеме попрецизни, Дури и кога ќе ги ставиме јахтите настрана, овј град е туристичка мека, кој содржи изобилство од ресторани, голф терени, музеи, ноќни клубови шопинг простори, и нормално врвни хотели.

Хотелот кој овој пат ќе ви го претставиме се наоѓа токму тука и е наречен Marriott Pompano Beach Resort & Spa, а на своите посетители им нуди релаксација и забава во неограничени количини. Ова место се смета за најексклузивно поради својата врвна локација на плажа, а на своите гости им дава можност за уживање во базен, на песок или во океанот, со сета потребна нега за сончевите и топли денови. Се на се, ова одморалиште е идеална опција за оние кои не сакаат да ги трошат своите денови во хотелски соби.

Ова одморалиште ви нуди 194 соби и 25 апартмани, распределени на девет ката, а тука е салата за состаноци, со вкупна површина од 100 метри квадратни. Без оглед која соба ќе ја избрее, ќе уживтвате во пријатните погодности, климатизацијата, удобните кревети, памучните постелнини, барот, мермерните бањи, Bath & Body Works препаратите за нега, премиум филмските канали, дневната достава на весници и уште многу нешта. Интернетот ви е достапен насекаде како и други високо технолошки погодности.

Ако во текот на својот одмор сакате само опуштање и задоволство, тогаш морате да знаете дека во близина на ова одморалиште, кое ви нуди врвна храна, базен, плажа и спа центар, се наоѓаат и други нешта кои би требало да ги пробате, како возење со брод или купување на дизајнерски парчиња облека.

пом2

пом3

пом4

пом5

пом6

пом7

пом8

пом9

пом10

пом11

пом12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП