26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските нафтени компании ќе инвестираат 24% повеќе во екстракција во 2016-та

Руските нафтени компании ќе инвестираат 24% повеќе во екстракција во 2016-та

nagta353

Капиталните инвестиции на руски нафтени компании во производството на нафта во 2016-та година ќе се зголемат за 23,8% во споредба со претходната 2015-та година, па така ќе достигнат 1,338 ијлади милијарди рубљи, или малку над 20 милијарди долари, објави рускиот министер за енергетика Александар Новак на средба со претседателот Владимир Путин, пренесува руската агенција ТАСС.

Според презентацијата на Новак се предвидува производството на нафта во оваа година да достигне 542 милиони тони, или за 1,5% повеќе во однос на 2015-та година. Во периодот меѓу 2020-та и 2035-та година овој показател ќе осцилира меѓу 525 и 545 милиони тони.

Извозот на нафта оваа година ќе достигне 253 милиони тони, што претставува раст од 4,6% на годишна основа. Производство на бензин ќе се зголеми до 39,7 милиони. (Раст од 1,3%), а на мазут ќе се намали до 56,1 милиони тони (пад со 21,2%).

Извозот на сино гориво за 2016-та година, според податоците на Министерството, може да се зголеми со 6,8% до 201,4 милијарди кубни метри. Производството на јаглен ќе се зголеми за 4,4 проценти на 390 милиони тони, а експортот – со 1,9 отсто до 159 милиони тони.

Во минатата недела инвестициската банка „Goldman Sachs“ прогнозираше дека производството на нафта во Русија до крајот на 2018-та година ќе го надмине рекордот постигнат пред речиси 30 години во СССР, бидејќи тие наоѓалишта им овозможуваат на компаниите да се справат со падот во цените.

Излезот ќе се зголемува со 590.000 барели дневно во следните три години до 11,65 милиони барели дневно, очекуваат аналитичарите

Русија, која е најголем извозник на енергија, сигнализира во април дека ќе го зголеми производството и извозот, откако ОПЕК не презеде мерки за спречување на зголемување на производството. „Роснефт“ најверојатно ќе го предводи подемот во периодот до 2018-та година, бидејќи најголемиот производител во земјата почнува да обработува нови наоѓалишта во Источен Сибир и да го зголемува производството од постоечките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП