26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнфантино сака Мундијал со 40 репрезентации

Инфантино сака Мундијал со 40 репрезентации

fifa1

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, инсистира од 2026 година, бројот на репрезентациите кои ќе учествуваат на светските првенства, да биде зголемен од 32 на 40.

Инфантино оваа своја идеја за проширување на бројот на учесници на светските првенства ја предложи во февруари, пред да биде избран за претседател на ФИФА.

„Мојот предлог е од 2026 година 40 репрезентации да учествуваат на светските првенства, а најмалку две места да добијат репрезентациите од Африка“, ја пренесува BBC изјавата на Инфантино.

Форматот со 32 репрезентации ќе остане на наредните две светски првенства, во Русија 2018 и Катар 2022.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП