26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Турција разговараат за обновување на Турски тек

Русија и Турција разговараат за обновување на Турски тек

turski-tok_660x330

Делегација на Руската Федерација и Турција разговараа денес за обновување на проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“ кој би одел од Русија до Турција, изјави заменик рускиот министер за енергетика Јуриј Сентјурин, јави агенцијата „Ројтерс“.

„Тие разговараа за oва прашање. Наскоро ќе биде одржан и одвоен состанок“, рече Сентјурин.

Рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович и неговиот турски колега Мехемет Шимшек се состанаа рано утрово во Москва и притоа изразија подготвеност за обновување на трговските и економските односи меѓу двете земји, кои се нарушени поради соборувањето на рускиот воен авион од страна на Турција во ноември минатата година.

„Руските и турските официјални лица разговараа за укинување на забраната на увоз на храна која Русија ја воведе по споменатиот инцидент“, изјави Дворкович, додавајќи дека делегациите во текот на денот ќе разговараат и за обновување на проектот „Турски тек“.

Договорот за изградба на гасоводот „Турски тек“ е постигнат во декември 2014-та година, откако поради несогласувањето на Бугарија се изјалови проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“.

Со првичниот план беше предвидено четирите линии од гасоводот „Турски тек“ да имаат капацитет од 63 милијарди кубни метри гас годишно. Меѓутоа, генералниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер изјави дека минатата есен дека ќе се градат само две линии од гасоводот, затоа што гасоводот „Северен тек 2“ ќе може да ја покрие зголемената побарувачка на гас од страна на Европа.

Откако турските воени сили го соборија рускиот авион, министерот за енергетика на Русија, Александар Новак соопшти дека преговорите за изградба на гасоводот „Турски тек“ се стопирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП