26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 детали на кои не им е местото во вашето CV

7 детали на кои не им е местото во вашето CV

8220173485790b81736916924887379_w640

Работодавците кои вработуваат добиваат стотици биографии и пријави за работа и сосема е јасно дека „опстануваат“ само оние најквалитетните.

Можеби сте најдобрата личност за понудената рбота, но ако сте погрешиле во биографијата, би можеле да бидете „исфрлени“ уште во првиот круг.

Според Бизнис Инсајдер, овие детали треба да избегнувате да ги наведете во вашето CV:

1. Ирелевантно работно искуство

Ако некогаш одамна сте работеле како келнер во ресторан, а испраќате пријава за сосема поинаква работа, не е потребно да наведувате такви минати работни искуства.

2. Приватни работи

Во биографијата не наведувајте брачен статус, вероисповед и останати небитни податоци за потенцијалниот работодавец.

3. Хоби

Играте фудбал, свирите гитара, планинарите… Треба ли тоа да го знае вашиот работодавец? НЕ

4. Несериозна e-mail адреса

Внимавајте какви мејл адреси испраќате во пријавата за работа. Ако вашата мејл адреса гласи [email protected] или [email protected], шансите да ја добиете работата се минимални, бидејќи тоа е апсолутно непрофесионално.

5. Причини за напуштање на преходната компанија

Многу кандидати за работа мислат дека објаснувањата за минатите напуштања на компаниите ќе им помогнат, но вистината е сосема поинаква. Избегнувајте го ова.

6. Фотографија
Освен ако не ви побараат, избегнувајте поставување на фотографии во CV-то. Фокусирајте се на важните нешта.

7. Висината на платата

Ако во биографијата се споменуваат износи, тоа не е добро. Преговорите за висината на платата би требало да ги почекате до разговорот за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП