1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин нареди: Да се „нормализира“ трговијата со Турција

Путин нареди: Да се „нормализира“ трговијата со Турција

10180725845773b5030cc1b937313529_w640

Претседателот на Русија, Владимир Путин нареди да се започне со „нормализација“ на трговијата со Турција.

Путин вчера по телефон разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нивниот прв разговор по седум месеци траел 40 минути.

По телефонскиот разговор со својот турски колега, Путин и нареди на руската влада да започене со процесот на враќање во нормала на соработката со Турција, пред се кога станува збор за трговијата и економските врски.

Путин исто така наложи и да се укине ограничувањето на патувањата на руските туристи во Турција.

Русија воведе санкции за Турција, откако Анкара минатата година го собори рускиот борбен авион. Ердоган пред два дена, во писмото до Путин изразил жалење за соборувањето на борбениот авион SU 24.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП