26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската унија го продолжува самитот без Велика Британија

Европската унија го продолжува самитот без Велика Британија

EU (1) zemjite 35

Челниците на 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) во средата за првпат се собраа без Велика Британија, за да дискутираат околу последиците од британскиот референдум за напушањето на Унијата, пренесуваат светските агенции.

Лидерите на 27-те земји членки во вторникот вечерта го сослушаа британскиот премиер Дејвид Камерон, кој порача дека иако неговата земја ја напушта ЕУ, сака да одржи што поблиски односи со Унијата.

Британската страна би сакала да го задржи пристапот до единствениот европски пазар, но без слободата за движење на луѓето, што пак за ЕУ е неприфатливо. Прашањето на имиграцијата и доаѓањето на работниците од другите членки се смета за една од клучните причини поради кои мнозинството Британци се одлучија за напуштање на ЕУ.

Во ЕУ сакаат пак Велика Британија што поскоро да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, односно да пратат официјално известување за намерата за напуштање на ЕУ, со што започнува двегодишниот рок околу преговорите за условите за „разводот“ меѓу Унијата и Британија.

Британскиот премиер Камерон изјави дека тоа ќе и го препушти на следната влада, а британската страна би сакала да започне со неформалните преговори за идните односи помеѓу двете страни, пред да биде активиран членот 50. Сепак од страна на ЕУ беше порачано дека тоа не доаѓа во предвид и дека во преговорите Британија нема да може да го земе само тоа што и се допаѓа, односно да има пристап до единствениот пазар без обврските кои тоа ги предвидува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП