26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во ЕУ се лизнала на најниското ниво во седум години

Невработеноста во ЕУ се лизнала на најниското ниво во седум години

nevrabotenost 33

Невработеноста во Европската унија се лизнала во април на најниското ниво во последните седум години, а благо е намалена и невработеноста кај младите во 28-члениот блок, покажува извештајот на европската статистичка агенција Eurostat објавен во вторникот.

Грција и натаму е прва меѓу земјите во ЕУ со највисока стапка на невработеност од 24,2 отсто во февруари, а следи Шпанија 20,1 отсто. Најниската стапка на невработеност забележала во април Чешка од 4,1 отсто. По неа се Германија и Малта од 4,2 односно 4,3 отсто.

Во споредба со минатогодишниот април, речиси сите земји во ЕУ, освен Естонија и Белгија, забележале пад на стапката на невработеноста, а најголемата Кипар за 41-процентен поен. Во Белгија останала непроменета, а во Естонија пораснала за 0,1-процентен поен.

На ниво на ЕУ сезонски прилагодената стапка на невработеност пресметана според методологијата на Меѓународната организација за труд (ILO), се лизнала во април на 8,7 отсто, што е најниското ниво од април 2009 година. Во март изнесувала 8,8 отсто, а во ланскиот април 9,6 отсто.

Во 17-члената зона на единствената европска валута во април останала непроменета во однос на претходниот месец и изнесувала 10, 2 отсто. Во однос на минатогодишниот април намалена е за 0,8-процентни поени.

Без работа во 28-те земји на ЕУ според процентите на Eurostat во април биле 21,224 милиони луѓе, од кои 16,420 милиони во еврозоната. Со тоа нивниот број во однос на март годинава е намален во ЕУ за 106.000, а во еврозоната за 63.000. Во однос во минатогодишниот април бројот невработени во ЕУ се намалил за 2,096 милиони, а за 1,309 милиони во еврозоната.

Стапката на невработеноста меѓу младите во ЕУ, во старосната група до 25 години во април изнесувала 18,8 отсто, наспроти 19 проценти во март, и 20,7 отсто во истиот месец во минатата 2015 година. Во еврозоната невработеноста на младите е намалена на 21,1 отсто, од 21,4 отсто во март. Во април минатата година изнесувала 22,5 отсто, покажува извештајот.

Без работа во ЕУ во април биле 4,235 милиони млади, од што 2,932 милиони во земјите од еврозоната. Со тоа нивната бројка е намалена на годишно ниво за 495.000 во ЕУ, односно за 261.000 во еврозоната.

Најголема стапка на невработеност на младите е регистрирана во Грција од 51,4 отсто (грчките податоците се за февруари), а следуваат Шпанија со 45 отсто и Хрватска 38,9 отсто.

Најниските стапки на невработеност меѓу младите во април се регистрирани во Германија од 7 отсто, во Малта – 8,9 проценти и во Чешка од 9,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП