26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанадската економија не ги оправда очекувањата за растот во првиот квартал

Канадската економија не ги оправда очекувањата за растот во првиот квартал

kanada 883

Канадската економија не успеа да ги оправда очекувањата како на пазарите, така и на Централната банка со растот во првиот квартал, соопшти „WBPonline“.

БДП-то се зголемува за 2,4% на годишна основа во периодот јануари-март, додека резултатите за четвртиот квартал од минатата година се ревидирани надолу од 0,8 до 0,5%.

Консензус прогнозата на пазарите и на Централната банка за првиот квартал беше за раст од 2,8 отсто. Затоа вистинските податоци најверојатно се изненадување за инвеститорите и ја охрабрија распродажбата на канадскиот долар. Покрај тоа вредностите може да доведат до намалување на прогнозите за наредните квартали, коментира „WBPonline“.

На месечна основа канадската економија се намалува за 0,2% во позадина на предвидувањата за нулта раст.

Иако не ги оправда очекувањата, економскиот раст во првиот квартал е најсилниот по повеќе од една година, при што извозот на стоки и услуги придонесува најмногу за зголемувањето со раст од 6,9% на годишна основа. Едни од најпопуларните стоки за извоз остануваат автомобилите и автомобилските делови. Неенергетскиот извоз продолжува да е клучен за Канада, која вложува напори да се справи со падот на цените на нафтата.

Потрошувачката на домаќинствата се зголемува за 2,3% во првиот квартал, а Канаѓаните плаќале повеќе за транспорт, облека, обувки, осигурување и финансиски услуги. Истовремено домаќинствата трошат помалку во странство поради евтиниот канадски долар.

Бизнис инвестициите во нестанбена изградба остануваат проблематични во првиот квартал, бидејќи се намалуваат за 9,7% – петти последователен квартален пад.

„WBP“ наведува дека поголемиот дел од растот за првиот квартал беше генериран од силниот јануари, а податоците од февруари и март сигнализираат дека претстои помало второ тримесечје. Во април Централната банка предупреди дека мотивот во првите три месеци е привремен и дека вториот квартал ќе биде далеку помал.

Покрај тоа треба да се видат какви се конкретните последици од шумските пожари во Алберт во мај. Според централната банка страдањата може да избришат 1,25 процентни поени од реалниот раст на БДП-то во вториот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП