26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзмамите ја чинеле ЕУ 888 мил евра

Измамите ја чинеле ЕУ 888 мил евра

eu-pare-1

Измамите и неоснованите наплати на субвенции минатата година ја чинеле ЕУ речиси 888 милиони евра, а најмногу сомнителни барања за исплати имало во Романија, Бугарија и Унгарија, покажуваат податоците на Унијата.

Во годишниот извештај кој е објавен денес, Европската канцеларија за борба против измами OLAF наведува дека во 2015 година 888 милиони евра веројатно се исплатени врз основа на барања кои не биле оправдани.

Тоа е нешто помалку од минатогодишните 901 милион евра и сочинува околу 0,6 процети од буџетот за субвенционирање на земјоделски и сиромашни региони.

Меѓу наведените примери има речиси 1,400 неосновани барања во вредност од 1,3 милиони евра за модернизација на ладилници за зеленчук во Бугарија.

Кога истражителите го разгледале тој случај, утврдиле дека испорачувачот на опрема и сопственикот на фабриката е иста личност, која вештачки ја зголемила цената на проектот.

Во друг вид на измами, одделни увозници на соларни панели од Кина ги мамеле властите во ЕУ во областа на увозните царини, бидејќи користеле лажни документи за поинаква природа на производи.

Измамите кои му нанесуваат штета на буџетот на ЕУ од 141 милијарда евра се чувствително прашање за Брисел. Администрацијата на ЕУ е под притисок од евроскептиците, особено од Британија, која дава голем придонес во заедничкиот буџет.

Генералниот директор на OLAF Џовани Кеслер изјави дека не верува дека постои раширена корупција,но дека зголемвањето на бројот на воочени измами по 2013 година покажува дека неговата агенција остварува резултати.

Минатата година преку судски пат на Брисел му се вратени 187 милиони евра, што е за десет проценти помалку отколку во 2014.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП