26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗа „Антологија на болката“ во конкуренција 13 стихозбирки

За „Антологија на болката“ во конкуренција 13 стихозбирки

sredbi racin 33

На објавениот конкурс за доделување на наградата „Антологија на болката“ на „Рациновите средби“, конкурирале вкупно 18 стихозбирки, од кои во официјалната конкуренција влегуваат 13 ракописи.

Тоа се стихозбирките „Сјај и страв и песни“ од Даница Ивановска Лепојевиќ, „Бранови“ од Сандра Наумовска, „Душа од кристали“ од Габриела Павлоска, „Очите на љубовта“ од Елена Костовска, „Затвореничка во лондон“ од Филип Дракалски, „Бескрајот на една љубовна приказна“ од Ирена Јурчева, „Боемски блуз“ од Иле Наумов, „Косара“ од Лидија Дочовска Павловска, „Неисчешлана љубов“ од Јане Балкански, „Орнамент“ од Малвина Сокар, „Сеќавања“ од Елена Христоска, „Страв од минливост“ од Катерина Гогова, „Страст од мртво шепотење“ од Дијана Дурлевиќ и „За тебе љубов моја“ од Жаклина Китанова.

Стихозбирките „Заробеник на најнебесното“ од Фросина Витковска, „Сеќавања“ од Елена Христоска, „Слики од животот“ од Снежана Пановска, Поезија од Рената Панчова и „Збирка црноризна“ од Давор Крстевски иако уредно пристигнати на конкурсот, беа изземени од официјалната конкуренција за наградата бидејќи според стручното мислење на жири комисијата не се дебитантски поетски ракописи.

Во состав на стручната жири-комисија која одлучува за наградата се Ана Костовска, директор на ИП „Култура“, поетесата Елена Пренџова  и писателката Катерина Момева.

Наградата „Антологија на болката“ која манифестацијата ја доделува заедно со издавчката куќа „Култура“ за првпат беше востановена минатата година и истата се доделува за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка љубовна поезија од современ македонски поет.

Целта на наградата е афирмација на дебитанти и млади автори на современата македонска поезија.

Одлуката за наградата жири комисијата веќе ја донесе и истата ќе биде соопштена на прес-конференција во четврток, на 2-ри јуни во Велес.

Наградата „Антологија на болката“ се состои од плакета, публикација на стихозбирката од издвачката куќа „Култура“ и нејзина промоција во рамките на манифестацијата на 10-ти јуни во Велес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП