Еве кои намирници би требало да се најдат во вашето мени доколку сакате вашата кожа да биде блескава и сјајна.
Морков
Бета каротенот во морковот е претворен во витамин А, состојка која ја одржува кожата здрава и убава. Витаминот А содржи антиоксиданти и на тој начин помага во спречувањето на ситните брчки, линии и неправилности на кожата.
Зелен чај
Антиоксидантите кои се наоѓаат во зелениот чај помагаат да ги исфрлите слободните радикали, па потоа нема да изгледате уморно и постаро. Зелениот чај исто така помага и во намалувањето на стресот, овозможувајќи му на телото добра подлога за одмор и добар сон, кои се неопходни за одржување на убавината.
Цитруси
Не е тајна дека цитрусите се одличен извор на витамин Ц, состојка почитувана поради нејзината одлична моќ. Освежителен и убав начин да ја внесете потребната доза од витамин Ц се природно цедените сокови како оние од портокали, грејпфрут и лимон.
Домат
Доматот е богат со антиоксиданти и е многу важен за сјајната и здрава кожа. И вие можете да направите вашата кожа да изгледа беспрекорно така што ќе го воведете во вашето мени.
Бадеми
Здравите масти во бадемите даваат енергија која ви е потребна за редовно вежбање и работа на организмот. Тие исто така се вкусни грицки, кои ве чуваат далеку од оние кои можат целосно да ја уништат вашата фигура и вашето здравје.
Незасладен јогурт
Јогртот без додадени шеќери, разни вкусови и останати непотребни состојки е добар за вашите заби и коски. Милијардата добри бактерии во јогуртот помагаат при варењето на храната, што ја намалува надуеноста.
Кашкавал
Консумирањето на тврди кашкавали е високо препорачливо бидејќи помага во превенцијата од оралните бактерии кои предизвикуваат проблеми со непцата и кариес. Со помош на кашкавалот ќе имате блескава насмевка.
Зеленчук
Хранлив е и содржи многу малку калории, а високиот процент на зеленчук во вашата чинија ќе направи чудо за вашето здравје. Зелениот лиснат зеленчук особено е богат со растителни влакна кои ќе ве направат сити долго време. Влакната помагаат во намалувањето на надуеноста на стомакот, сјајот на кожата и младешката убавина.