26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе отвора најдолгиот тунел на светот што поминува во срцето на Алпите

Се отвора најдолгиот тунел на светот што поминува во срцето на Алпите

тунел-отвора

Тунелот „Готард“, поминува низ срцето на швајцарските Алпи и го поврзува централниот швајцарски кантон Ури со југот на земјата.

Тунелот е долг 57 километри, неговата изградба чинеше околу 12 милијарди швајцарски франци, а го градеа 2.400 работници. Сега, патувањето од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути.

Идејата за изградба на овој тунел ја даде швајцарскиот инженер Карл Едвард Грунер во 1947 година. Беше тоа визионерски проект, за кој Грунер велеше дека би можел да се заврши до почетокот на 21 век.

Со тоа беше засадено семето на еден од најголемите градежни потфати, кој од оваа седмица, откако возовите ќе почнат да сообраќаат низ тунелот „Готард“, ќе го трансформира патувањето низ срцето на Европа.

За да се изгради тунелот, ископани се 28 милиони тони карпи. Изградбата официјално почна во 1999 година, но имаше многу бирократски и финансиски проблеми поради загриженоста од одржливоста на проектот.

Граѓаните на Швајцарија конечно на референдум во 1998 година изгласаа дека се за изградба на тунелот, вклучувајќи и зголемени патарини, од кои би се финансирала изградбата.

Со отворањето на железничката линија низ тунелот „Готард“ ќе се подобри сообраќајната мрежа воопшто, затоа што ќе се намали загадувањето на околината и уништувањето на патиштата. Се очекува бројот на патници во железничкиот сообраќај да се зголеми од 9 на 15 илјади до 2020 година.

Официјалното свечено отворање закажано е за среда, 1 јуни, а освен швајцарските функционери, се очекува присуство на францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, како и италијанскиот премиер Матео Ренци.

Потполна употреба на тунелот ќе почне во декември оваа година.

Тунелот „Готард“ ќе го престигне јапонскиот „Сеикан“, кој о 53,9 километри, до сега, беше најдолг тунел на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП